Средба Ципрас- Јункер на 4-ти февруари во Брисел
01.02.2015 11:36
Дневниот ред на средбата не е соопштен, но, според грчките медиуми, ќе се разгледаат прашањето на грчкиот долг и реформите кои Владата има намера да ги спроведе...

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас на 4 февруари во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесува ТАСС, повикувајќи се на соопштение на грчката Влада.
Дневниот ред на средбата не е соопштен, но, според грчките медиуми, ќе се разгледаат прашањето на грчкиот долг и реформите кои Владата има намера да ги спроведе.
Според вчера објавената допрецизирана програма на посетите на Ципрас, тој на 2 февруари ќе ја посети Никозија, на 3 февруари ќе биде во Рим, а на 4 февруари ќе се сретне со Јункер во Брисел и со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, забележа ТАСС.
