Шок по ликвидацијата на јапонскиот новинар

01.02.2015 19:34

Со реакција и американскиот претседател Обама, кој изјави дека САД се содализираат со јапонската влада...

Јапонската влада соопшти дека снимката од егзекутирањето на новинарот Кенџи Гото е автентична. Осуда за убиството пристигнуваат од политичарите од цел свет.  
 
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун констатиреше дека свирепото убиство е доказ за насилството на кое се изложени многу луѓе во Ирак и Сирија. 
 
Со реакција и американскиот претседател Обама, кој изјави дека САД се содализираат со јапонската влада. 
 
Осуда за егзекуциите на Исламска држава изразија и британскиот премиер Камерон и францускиот претседател Оланд.  
 
Се уште е неизвесна судбината на јорданскиот пилот, кој е во рацете на џихадистите од Исламска држава. Неговот семејство бара помош и преговори од владата во Аман.