Нема договор, немирите на истокот од Украина продолжуваат

01.02.2015 19:40

Разговорите во Минск кои се одржуваат вчера со посредништво на ОБСЕ завршија без постигнат договор...

Повеќе од 19 луѓе загинаа во последните 24 часа во судирите меѓу украинската војска и проруските бунтовници. Меѓу загинатите има и цивили. 
 
Разговорите во Минск кои се одржуваат вчера со посредништво на ОБСЕ завршија без постигнат договор. 
 
При експлозија во склад за муниција во херсонската одласт ноќеска шестмина загинаа, а 11 се здобија со изгореници. 
 
Специјална комисија ги истражува причините за инцидентот.