Египетските власти го ослободија новинарот Питер Гресте

02.02.2015 12:49

Гресте бил уапсен во 2013-та година и му е судено по обвинение за ширење лажни вести и помагање на Муслиманското братство...

Египетските власти го ослободија од затвор и го протераа новинарот на Ал Џезира, австралијанецот Питер Гресте којшто беше заробен повеќе од една година поради наводна поддршка за Муслиманското братство. Гресте бил уапсен во 2013-та година и му е судено по обвинение за ширење лажни вести и помагање на Муслиманското братство.

„Питер Гресте е слободен човек. Тој во моментов е со нашиот брат на Кипар каде што се созема од целата ситуација. Тој е безбеден и е многи среќен што се враќа дома“, изјави Ендрју Гресте, брат на ослободениот новинар.

Австралискиот премиер, Тони Абот му се заблагодари на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси за ослободување на новинарот.

Се уште не е познато што ќе се случува со двајцата негови колеги Мохамед Фахми и Бахер Мохамед коишто и натаму се во затвор.