Поплави: Состојбата во западна Бугарија е алармантна
Во спасувачката акција е ангажирана и војската. Поројните дождови предизвикаа одрони и свлечишта, неколку села се целосно отсечени. Во повеќе региони и сообраќајот е во прекин, додека спасувачките екипи се на терен и му помагаат на локалното население...

Алармантна е состојбата во западна Бугарија, откако обилните дождови предизвикаа излевање на неколку реки. Поплавите ги зедоа и првите жртви. Пет лица загинаа меѓу нив и едно дете, а локалните власти соопштија и дека една жена е исчезната во близина на градот Петрич. Поплавени се голем број општини, во некои од нив е прогласена вонредна состојба. Во Смољане, каде состојбата е најкритична, силниот ветер и надојдената вода уништува се пред себе.
Локалните жители масовно се евакуираат. Поплавени се голем број домови, а во некои делови повеќе од 24 часа нема струја. Во спасувачката акција е ангажирана и војската. Поројните дождови предизвикаа одрони и свлечишта, неколку села се целосно отсечени. Во повеќе региони и сообраќајот е во прекин, додека спасувачките екипи се на терен и му помагаат на локалното население.
„Видете колку има вода не можат да излезам од дома... Ние ја исфрламе водата од домовите, но пак надоаѓа“, велат жителите.
Бугарското министерство за животна средина предупреди дека обилни дождови се очекуваат и во текот на наредните денови, и повика населението од критичните места да замине на посигурни и повисоки места.
Според информациите, невремето предизвикало првична штета од близу 5 милиони евра, соопштија надлежните.
Поројните дождови предизвикаа поплави и во Албанија и во северна Грција.
Марија Петковска
