Вашингтон го отфрли барањето на Раул Кастро
Земјиштето на кое е изградена базата се наоѓа на крајниот југоисток на кубанскиот остров, а со одлука на кубанските власти во 1903 година им е дадено на траен лизинг на САД...

Вашингтон го отфрли барањето на кубанскиот претседател Кастро за враќање на територијата на Куба, на која се наоѓа американската поморска база во Гвантанамо Беј, што е дел од напорите за унапредување на билатералните односи со Куба.
Земјиштето на кое е изградена базата се наоѓа на крајниот југоисток на кубанскиот остров, а со одлука на кубанските власти во 1903 година им е дадено на траен лизинг на САД.
Кубанскиот претседател Кастро, порача дека за вистинска обнова на односите ќе може да се зборува по укинување на американкото трговско ембарго, како и со повлекувањето на Американците од Гвантанамо и враќањето на изнајменото земјиште.
