Јункер ја поддржува измената на мисијата на „тројката“

03.02.2015 11:33

Ципрас на 4 февруари ќе одржи средба со Јункер во склоп на својата европска турнеја, со која се обидува да обезбеди поддршка за крај на буџетското штедење во Грција...

Претседателот на европската комисија Жан Клод Јункер ја подржува измената на мисијата на тројката кредитори во Грција. Новиот грчки премиер Ципрас сака да му стави крај на постојниот систем на надзор што го спроведуваат ММФ, Европската комисија и Европската Централа банка.

Ципрас на 4 февруари ќе одржи средба со Јункер во склоп на својата европска турнеја, со која се обидува да обезбеди поддршка за крај на буџетското штедење во Грција, за реструктурирање на јавниот долг и измената на програмата договорена со кредиторите.