САД: Санкциите за Русија – најдобар начин да се влијае
03.02.2015 12:43
Заменикот советник на Белата куќа за национална безбедност, Бен Роудс изјави дека санкциите можат најмногу да влијаат врз Русија, бидејќи длабоко навлегуваат во нејзината економија...

Според САД, санкциите се најдобриот начин да се влијае врз Русија по повод украинската криза и дека со испраќањето оружје во Украина не би се решил проблемот.
Заменикот советник на Белата куќа за национална безбедност, Бен Роудс изјави дека санкциите можат најмногу да влијаат врз Русија, бидејќи длабоко навлегуваат во нејзината економија.
Експертите тврдат дека вооружувањето на украинските вооружени сили би било бескорисно.
