Вајгел: Аферата „Пуч“ влијае врз угледот на Македонија
Аферата „Пуч“ влијае врз угледот на Македонија, изјави Иво Вајгл, известувач за земјава во Европскиот парламент. Медиумите и јавноста не смеат да лицитираат со вакви сериозни проблеми, тоа треба да им се остави на надлежните институции. Вајгл повеќепати го убедувал Заев да ја продолжи политичката битка во собранието...

Последните настани поврзани со аферата Пуч предизвикаа загриженост меѓу европските парламентарци.
„Цела таа афера влијае врз угледот на Македонија и тоа во време кога се одвива расправа за европската иднина на земјата, кога во Европскиот парламент го подготвуваме извештајот, во кој, како известувач настојував да ги извлечам позитивните елементи кои одат во прилог на брза интеграција“, изјави Иво Вајгел, известувач за Македонија во Европскиот Парламент.
Вајгел апелираше што поскоро аферата да премине во процес, со цел истата да не избега од контрола на уставниот и правниот поредок на државата.
„Да не се препуштаат такви сериозни проблеми на лицитација на медиумите и јавност, туку со тие проблеми да се занимаваат уставните институции. А тоа се обвинителството, судовите и парламентот“, вели Вајгел.
При тоа, тој потенцираше дека неколку пати досега се обидел да го убеди лидерот на опозицијата, со се сите аргументи кој ги поседува да ја продолжи политичката борба во Собранието.
За изворот на информациите со кој располага Заев, т.е. сомневањето за соработка со странски разузнавачки служби и постапката која се води во членките на Европската унија- аналитичарот Метју Далтон за МРТ изјави:
„Неодамна имавме пример во ЕУ, европратеник од Унгарија, од радикалната десница, беше обвинет од страна на Унгарскиот обвинител дека шпионирал за Русија. Европскиот парламент во моментов размислува да му го укине имунитетот, но целиот спор ке го водат властите на Унгарија“, изјави Метју Далтон, аналитичар.
Далтон посебно потенцирше дека во случај на сомневање како и обвинение за шпионажа, сосема е нормално правниот поредок на државата да се справи со случајот.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
