ОЈО ќе врши проверка за објавените материјали од средбата Груевски-Заев

03.02.2015 22:13

Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата меѓу претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите.
 
Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали, се вели во соопштението.
 
Обвинителството, како што е наведено, побарало од МВР да стапи во контакт со мрежата на која беше објавен материјалот за негово отстранување, како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.