Охрид меѓу водечките општини во водењето социјална политика
И покрај тешката финансиска состојба за неполни две години се издвоени над шест милиони денари за субвенционирање на дел од трошоците за покривање на долговите кон јавните претпријатија..

Општина Охрид е една од водечките во земјата кога се работи за социјалната политика и грижата за социјално ранливите категории на граѓани.
И покрај тешката финансиска состојба за неполни две години се издвоени над шест милиони денари за субвенционирање на дел од трошоците за покривање на долговите кон јавните претпријатија, помош на родилките, како и за стипендирање на ученици и студенти.
Меѓу другите програми и активности за подршка на социјално ранливите категории значајно место зазема помошта што општината ја издвои за граѓаните чии домови беа опожарени во изминатите неколку години.