Ќе се зголемуваат платите во градинките, за платите во образованието ќе се преговара

04.02.2015 15:08

Казните и наградите за наставниците се ставени во мирување се додека не се изнајде нов модел на екстерното тестирање...

За два месеци континуирано ќе почнат да се зголемуваат платите во градинките, а за платите во образованието ќе се преговара, казните и наградите за наставниците се ставени во мирување се додека не се изнајде нов модел на екстерното тестирање.

Ова било договорено на вчерашната седница меѓу СОНК, Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, на која биле отворени сите прашања.

Наставата низ целата земја се одвива нормално, учениците се на часови, просветарите на работните места.