Струмичкиот регион без вода за пиење

04.02.2015 15:22

Дефектот на главната водоводна цевка од регионалниот водовод на брана Турија се случи вчера рано наутро. Скината е цевката, на која вчера, веднаш по увидот на СВР Струмица и јавниот обвинител, почнаа да работат екипите на комуналното претпријатие...

Со шишиња, кофи и канти во раце, граѓаните на Струмица, Васиелво и уште осум населени места полнат вода од резервните чешми во градот. На два пунктови каде што тече бунарска вода е најраздвижено. Граѓаните велат дека ќе издржат додека не се отстрани дефектот од водоводот.

„Сега наполнив на пиење, после пак ќе дојдам да наполнам за по дома... Нема проблем, кога настанала грешка, таа ќе се исправи... Водата е најбитното нешто на планетата“, велат жителите кои ги анкетиравме.

Дефектот на главната водоводна цевка од регионалниот водовод на брана Турија се случи вчера рано наутро. Скината е цевката, на која вчера, веднаш по увидот на СВР Струмица и јавниот обвинител, почнаа да работат екипите на комуналното претпријатие.

Најавите оттаму се дека водата во градскиот водовод ќе потече во текот на попладневните часови.

И цистерните на против пожарната единица патролираат низ градот, на однапред определени пунктови, но одат и во населените места и ги снабдуваат граѓаните и со техничка вода и со исправна вода за пиење.

 

Катерина Давчева