МОН и СОНК се договорија, редовна настава во сите основни и средни училишта
Претседателот на СОНК, Неделков е задоволен од постигнатата спогодба. Тој вели сите прашања биле отворени. Нивните барања биле разгледани и ќе почнат да се реализираат за неколку месеци...

По интензивните разговори, МОН и СОНК се договорија. Нема да има казни и награди за екстерното, повисоки плати ќе добијат вработените во градинките. Во иднина ќе се намалува висината и на другите казните за наставниците. По оваа спогодба, синдикатот одлучи да не штрајкува и да не протестира.
Министерот за образование и наука рече дека преговорите за повисоки плати во образованието ќе продолжат, а се размислува да се укине употребата на класичниот дневник.
„Ја образложив спогодбата и сметам дека одлуката за прекин на штрајкот е позитивна одлука и ја поздравуваме и дава можност за конструктивен дијалог, во една релаксирана атмосфера за изнаоѓање на решение за сите барања на СОНК“, изјави министерот за образование Абдилаќим Адеми.
Претседателот на СОНК, Неделков е задоволен од постигнатата спогодба. Тој вели сите прашања биле отворени. Нивните барања биле разгледани и ќе почнат да се реализираат за неколку месеци.
„За сите прашања имаме рамка имаме договор за кои што некои прашања веднаш ќе се решат, некои до крајот на 31 март,некои за жал ќе останат и малку подоцна, но меѓутоа немаме затворено прашање каде што неможеме да го решиме“, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Во сите училишта низ земјава наставата тече редовно просветарите се на работа, а учениците во школските клупи. Часовите продолжија и онаму каде наставниците бојкотираа.
Викторија Тодоровска