Грчките медиуми натаму напаѓаат: Груевски бил диктатор на чело на арогантна влада
Наспроти обвинувањата на грчките медиуми, македонската експертска и научна јавност се чини дека е се поуверена дека Заев соработувал со тајните служби на јужниот сосед...

Груевски бил диктатор кој што сонувал за македонизам и неговата влада била арогантна - порталот „Дифенс поинт“ е еден од оние што не штеди на зброви во обидот да се маргинализира случајот Пуч. Грчкиот портал открива дека според извештаи на македонски медиуми постои сомневање дека Грција стои зад акцијата на Заев, а за се останато го обвинуваат премиерот Груевски.
„Актуелниот премиер Никола Груевски, предаден на ароганцијата и со јасна намера да ја втурне пј Р. Македонија во неконтролиран и опасен национализам, не се двоуми во обвинувањата против Грција...“, се вели во коментарот на грчкиот националистички портал, кој што и вчера во одбрана на Заев напиша дека Груевски однесувајќи се како диктатор, го гонел политичкиот опоненет.
Наспроти обвинувањата на грчките медиуми, македонската експертска и научна јавност се чини дека е се поуверена дека Заев соработувал со тајните служби на јужниот сосед. Сомнителната дупка од 35 милиони евра во буџетот на грчкото министерство за надворешни ги потсетува Грците на аферата од периодот кога владата на Мицотакис со милиони евра потплаќаше македонски политичари и медиуми за ширење на грчка пропаганда во Македонија.
„Нивните безбедносни служби навистина располагаат со голем број на сртедства, токму за тие намени. Воопшто не е за изненадување што таквите средства кои се цел на промоција за таквите стратешки и национални интереси на Република Грција, секористат во насока на дефокусирање на македонската јавност од одредени политички случувања. Знаете грчката надворешна политика е конзистентно деконструктивна во односот кон нашата земја“, смета Тимчо Муцунски, докторант на правен факултет при УКИМ.
Странската експертска јавност пак предупредува на можноста од монтирање на нелегално снимените материјали. По подолго снимање на личните комуникации и создавање солидна база од оригинално изговорени зборови и фрази, тие потоа може да се монтираат согласно потребите на службата.
„Што се однесува на техничкиот тек, ќе се појави некаков дисконтинуитет кој може да се препознае од страна на експерти. Но потоа, пак, овие експерти можат да го прикријат тој дисконтинуитет со тоа што ќе стават некаква бучава во позадина, со тоа што ќе ги нормализираат деловите зашто постојат повеќе делови кои на вештачки начин се прилепуваат едни на други. Технички, со монтирање е возможно да се фалсификува аудио материјал. Технички, можам да ви кажам дека е лесно изводливо“, вели Махди Корсави, проф. д-р. по информатички технологии на Универзитетот во Окинава, Јапонија.
Освен порталот „Дифенс поинт“, со коментари во насока на маргинализација на случајот Пуч преку напад на Груевски и одбрана за Заев излегоа и грчкото издание на порталот „Еуроактив“, онлајн магазинот за дипломатија и стратегија „Виа Димпломаси“ и интернет страната за вести „Он алерт“.
Тие коментираа дека прогонот на Заев наводно ја загрозувал безбедноста на земјата, дека шпионската афера била обвиткана во теории на заговор, како и тоа дека Западот наводно не ги прифаќал аргументите на македонскиот премиер.
Марија Котовска, постојан дописник на МРТ од Атина