Општеството во грч: Странските служби негативно влијаат на безбедноста
Eксперти за МТВ коментираат за случајот „Пуч“. Велат дека едно од сценаријата може да биде и тоа, општеството да се стави во грч и да се создаде страв и паника меѓу народот. Според нив, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, во случајв, е главната фигура преку која странските служби сакаат да ја постигнат посакуваната цел...

„Странските служби негативно влијаат на безбедноста“ - експерти за МТВ коментираат за случајот „Пуч“. Велат дека едно од сценаријата може да биде и тоа, општеството да се стави во грч и да се создаде страв и паника меѓу народот. Според нив, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, во случајв, е главната фигура преку која странските служби сакаат да ја постигнат посакуваната цел.
„Мислам дека странските служби влијаат, ако веќе имаат влијание тие се негативни во контекстот на организација на одбраната, затоа што го дефокусираат вниманието, а силите треба да се трошат на некои други места кои не се соодветни на одбраната на државата“, смета Ѓорги Бојаџиев – генерал во пензија.
Избегнување подолги разговори на мобилни телефони, како меѓу обичните луѓе така и меѓу бизнисмените поради страв од пропаѓање на зделки, се само дел од импликациите што ги посочуваат експертите, а што можат да се појават по објавување вакви случаи во кои се вмешани и странски служби.
„Оворањето на аферата Пуч значи дека ние сме сигурни и дека државата сепак мисли за безбедноста на граѓаните. Треба да се мобилизира и да одговори на овие закани, и ако е вознемирувачки тоа што некој од страна сака да влезе во нашиот систем да ни ја наруши безбедноста, да ни го промени системот, многу е храбро отворањето на аферата Пуч“, додава Бојаџиев.
Пораката е дека во ваква ситуација општеството мора да се мобилизира и да одговори..
Наташа Гркова- Петрушевска