Ако денот по утрото се познава...
На три од четирите тест денови болидите на Ферари беа најбрзи,два пати Фетел и Раиконен на последниот ден од тестирањата...

Дали Ферари конечно има болид за атак на светската титула? Според претсезонските тестирања во Херез најавено е враќање на победничките патеки на тимот од Маранело. На три од четирите тест денови болидите на Ферари беа најбрзи,два пати Фетел и Раиконен на последниот ден од тестирањата.Единствено Заубер ја наруши доминацијата на црвените болиди,но вреди да се спомене дека и болидот на Заубер е придвижуван од агрегат на Ферари.
Кими Раиконен беше единствениот на последниот ден од тестот што успеа да извози еден круг под 1 минута и 21 секунда, а најблиску дио него беше Маркус Ериксон со болидот на Заубер.Актуелниот шампион Луис Хамилтон на Мерцедес имаше трето време, но повеќе се концентрираше на комплетирањето што повеќе километри отколку на брзите кругови.
Тимот на Мекларен од сесија во сесија ја смалуваше разликата во однос на водечките која падна на помалку од 7 секунди,но и натаму се соочува со повремени проблеми што им ја оневозможија планираната програма за првото претсезонско тестирање.