Граѓаните се дигаат во одбрана на Mакедонија

05.02.2015 18:52

Бранејќи го граѓанскиот интерес жестоко се спротивставија на вмешувањето на странките служби во домашните работи, и на нарушувањето на приватноста на граѓаните со прислушувањето и заканувањето со снимени телефонски разговори, документи, фајлови и доверливи информации...

Група интелектуалци формираа Граѓанско движење за одбрана на македонија. Меѓу нив, професорката Ачковска, писателот Димитров, актерот Љутков, синдикалниот лидер Дојчин Цветановски, лидерот на пензионери Драги Аргировски, музичарот Гиш, фудбалската легенда Илија Најдовски, деканот на ФИНКИ Трајанов, професорот Климовски, глумците Тони Михајловски, Ванчо Петрушевски, Игор Стојчески и многу други познати јавни личности. Бранејќи го граѓанскиот интерес жестоко се спротивставија на вмешувањето на странките служби во домашните работи, и на нарушувањето на приватноста на граѓаните со прислушувањето и заканувањето со снимени телефонски разговори, документи, фајлови и доверливи информации.

„Секогаш интересите на туѓите пропаганди, на туѓите сили, на туѓите разузнавачи биле присутни и во историјата, а и до ден денешен исклучително работат на тоа“, смета Виолета Ачковска, универзитетски професор.

„Ние влегуваме во една криза во која е монтирана од надвор со една срамна и една безобразна и една патолошка поддршка од некои луѓе од надвор“, вели писателот Бранислав Димитров.

Од граѓанското здружение велат, не се задоволни што биле прислушувани илјадници граѓани од странски служби, а тие материјали биле давани на некој си со цел да се внесе раздор, страв, незадоволство и поделби на македонското национално ткиво.

„Доколку е вистина дека ова се странски служби кои што ни ги поткопуваат темелите на земјата и ја доведуваат во една незавидна положба која што не сме сигурни како може да резултира на крајот јас се надевам дека не би имало црни сценарија, мислам дека тоа би требало од страт да се прекине“, вели актерот Зоран Љутков.

Побараа поддршка од граѓаните, да се приклучат на здружението и да се спротивстават, за да се одбрани Македонија. 

 

Андријана Атанасовска