Повеќе субвенции за живинарството, ќе се воведуваат кооперантски договори
06.02.2015 11:07
Домашното пилешко месо тешко се произведува и продава на пазарите. Државата за да ја зајакне оваа гранка планира поголемо субвенционирање...
Домашното производство е незначително и во почетна фаза. Пилешкото месо скоро целосно се увезува за што годишно се трошат 50 милиони евра.
Државата планира да го менува системот на субвенционирање со воведување на кооперантски односи за производството на еден милион бројлери годишно.
До 2016 година ќе има три нивоа на поддршка. 30 денари за бројлер предаден во кланица, 40 за здружени живинари и 60 денари за правен субјект со договори со повеќе фарми.
Финансиската поддршка ќе се зголеми и за еднодневното бројлерско пиле.
Методија Трајков
