Што се случува денес со времето?

08.01.2014 18:05

Во Австралија 2013-тата година  беше најтопла година откако постои мерењето на темературата.  Климатолозите  велат дека просечната температура била повисока дури за 1, 2 Целзуисови степена. Интензивниот бран на топло време продолжи и во првите денови од 2014 година.

- Како последица  на топлото време, насекаде беснеат пожари. На луѓето им се менува квалитетот за живеење. Подготвуваме план за евакуација на населението од овој регион рече Стив Менделсон  од  штабот за евакузија во Јужна Австралија

 Дел од климатолозите ја наметнаа дилемата како се вклопува сега појавата на затоплување со поларната бура што ги зафати Соединетите Американски Држави и Канада, бидејќи последиците од невремето ги чувствуваат сите. Животот на Американците поради екстремно  ниските температури е  целосно блокиран.

-Ги преземаме сите мерки да живееме нормално и во вакви невообичани услови изјави Џорџ Сајмон од кризниотштаб на државата Илиноис

 За   смрзнувањето  на  северноамериканскиот континент, дел  од  американските климатски скептици отворено го поставија прашањето зошто залудно се фрлаат огромни пари  во  големи проекти поврзани со  спречување на  затоплувањето, а не се добиваат саканите резултати особено сега кога оваа тема се актуализира во Белата Куќа, пред  донесувањето на планот за намалување на емисиите на стаклените гасови. Во Јужна и во Централна Европа зимата се уште не е дојдена.  Топлото време, особено во подунавските земји придонесе  да процветаат овошките, а сето ова ќе се одрази негативно во земјоделството и во пчеларството.

 -  Ова со високите  температури  не е  природно, лекар сум, но и метеопат. Годината ни почна со топлиот ветер што дојде од Средоземјето.   

Арктичкиот мраз се топи и се претвора во вода којашто ефикасно ја апсорбира топлината. Рекордно малите површини на Арктикот под мраз  се  евидентираат подолго време. Поради тоа,  Арктикот  двојно  побрзо се затоплува од остатокот на светот. Во такви околности, се вели во извештајот на Обединетите нации за климатските промени, се намалува разликата во температурата меѓу северот и  југот.

Мирјана Василева