Грција воведува данок на луксуз

10.02.2015 13:38

Практично овој нов данок ќе го замени единствениот данок на недвижнини што го воведе претходната влада...

Во Грција ќе се плаќа данок на луксуз за вкупна вредност на имот поголема од 300 илјади евра. Според најавите, ќе се плаќа и посебен данок на промет на луксузни автомобили, јахти, авиони.

Практично овој нов данок ќе го замени единствениот данок на недвижнини што го воведе претходната влада.

Се предвидуваат и даночни олеснувања за сиромашните граѓани. Лицата со годишен приход помал од 15 илјади евра ќе имаат намалени сметки за комуналии и закупнини. Ќе се намали данокот за основните прехранбени производи и обновливи извори на енергија.

Предвидени се и олеснувања за семејства со повеќе деца, а ќе бидат зголемени и минималните пензии и плати до ниво од 751 евро.

Според аналитичарите на овој начин новата влада се обидува да ги замолчи  европските доверители на кои им смета што најбогатите грци одбегнуваат плаќање на  даночните обврски.

Свето Николовски