Две силни експлозии во центарот на Тирана

10.02.2015 15:55

Се уште никој не презел одговорност за експлозиите...

Две силни експлозии денеска одекнаа во центарот на Тирана при што е урната една аптека, уништен е еден стан, но нема повредени. Екпслозиите се случиле во временски интервал од 25 минути.

Полицијата деактивирала трета експлозивна направа, за којашто претходно била телефонски известена. Се уште никој не презел одговорност за експлозиите.

Албанскиот премиер Еди Рама го оцени инцидентот како „координиран акт на тероризам“.