Без договор со ЕУ, Атина ќе бара други извори

10.02.2015 16:54

Според грчкиот министер за одбрана, Грција мора да има план „Б“, доколку еврозоната ги одбие нејзините предлози...

Доколку пропадне договорот со еврозоната за ублажување на условите за отплаќање на грчкиот долг, Атина би можела да се сврти кон Америка, Русија или кон Кина.

Според грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, Грција мора да има план „Б“, доколку еврозоната ги одбие нејзините предлози.

Функционери на Европската унија досега одбиваа да ги прифатат грчките напори да издејствуваат реструктуирање на кредитните услови, иако германската канцеларка Меркел рече дека сака да види дали Грција ќе понуди „одржлив предлог“ на состанокот во среда.