Иванов: Политичките субјекти да се однесуваат разумно и одговорно
Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството и тие мора да се решаваат по институционален пат, вели во обраќањето претседателот Иванов...

Изразувам целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно- правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела, се вели во писмената изјава на претседателот Ѓорге Иванов.
Шефот на државата ги повикува политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата и на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија.
Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството и тие мора да се решаваат по институционален пат, вели во обраќањето претседателот Иванов.
Улогата на медиумите во демократското општество е да укажат на сето она што ги нарушува демократските процеси и е против интересите на граѓаните и државата. Во остварувањето на оваа улога ја имаат мојата целосна поддршка, се вели во соопштението на шефот на државата.
