Митревски: Со вработувањето на неопределено време се решава децениски проблем
Преку решавањето на новниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка, смета претседателот на ССМ...

Владата излезе со план трајно да го реши статусот на над 3 илјади хонорарци, волонтери и вработени со договори на дело и на определено време во државните и во јавните институции. Овој чекор е во насока кон решавање на работниот статус на овие лица, реагираше Сојузот на синдикати на Македонија.
„Ова е конкретен чекор за решавање на децениски проблем и првпат се решава на ваков начин. Со оваа мерка ќе се регулира работниот однос на огромен број луѓе кои немаа решен статус и не беа внесени во системот на социјално и пензиско осигурување. Преку решавањето на новниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка“, изјави Живко Митревски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија.
