Регионална вежба за заштита и спасување во Скопје
11.02.2015 13:49
Во рамките на проектот на Европската унија земјава ќе биде домаќин на 500 учесници од земјите членки на Унијата...

Најголемата вежба во регионот за заштита и спасување „ИПА Кампекс 2015“ ќе се одржи во Визбегово, во јуни годинава.
Во рамките на проектот на Европската унија земјава ќе биде домаќин на 500 учесници од земјите членки на Унијата.
Во однос на поплавите, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, рече дека речиси сите реки се повлекуваат во своите корита.
