Комисијата за заштита од дискриминација и ССМ потпишаа меморандум за соработка
11.02.2015 14:00
Заедно ќе разменуваат искуства и ќе вршат едукација за намалување на дискриминацијата во приватниот сектор...

Комисијата за заштита од дискриминација и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) потпишаа меморандум за соработка. Заедно ќе разменуваат искуства и ќе вршат едукација за намалување на дискриминацијата во приватниот сектор.
Податоците од истражувањата на комисијата покажуваат дека на терен има дискриминација, но многу тешко се говори за неа.
Многу малку од вработените во приватниот сектор се решаваат да покренат претставка пред надлежен орган.
