Кривична пријава против поранешен директор на „Транс Велес“ и уште осум лица
Тие во својство на членови на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје во период 2004 -2007 година наместо да донесат одлука компанијата да оди под стечај, носат одлука имотот да се стави под хипотека...

Познати адвокати од Велес и Скопје и нивни блиски роднини се дел од осумтемина кои СВР Велес ги осомничи за Злоупотреба на службена должност.
Тие во својство на членови на Одборот на директори на Транс Велес АД Скопје во период 2004 -2007 година наместо да донесат одлука компанијата да оди под стечај, носат одлука имотот да се стави под хипотека во една од комерцијалните банки, за доминантниот сопстевник на „Транс Велес“ да земе кредит во корист на друга фирма.
Истиот никогаш не е вратен, а банката ја реализирала хипотеката.
На овој начин оштетени се малцинските акционери и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
