Над 200 мигранти загинаа во Средоземно море
11.02.2015 14:32
„Деветмина се спасени по 4 дена поминати на море. Другите 203 ги проголтаа брановите“, соопштија од Комесаријатот за бегалци...

Повеќе од 200 мигранти загинаа во Средоземното море, кога потонале чамците во коишто пловеле.
„Деветмина се спасени по 4 дена поминати на море. Другите 203 ги проголтаа брановите“, соопштија од Комесаријатот за бегалци.
Во понеделникот најмалку 29 мигранти се удавија или починаа од хипотермија.
Ужасите на зимата на море не го спречуваат бегалскиот бран од Африка и од Сирија.
