Водата во Штип е безбедна за пиење
11.02.2015 14:59
Инспекторите за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство во Штип извршиле контрола во врска со издаденото решение во кое е изречена забрана ...

Водата во Штип е безбедна за пиење и престанува да важи забраната за нејзино користење.
Инспекторите за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство во Штип извршиле контрола во врска со издаденото решение во кое е изречена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот објект со кој стопанисува ЈП „Исар“.
Доставени се резултати од земаните мостри на вода за пиење 9 и од 10 февруари со кои се потврдува дека испитаните примероци од водата одговараат на пропишаните за микробиолошка и хемиска исправност од правилникот за безбедност на водата.
