Уставен суд: Маркирањето на палците се исфрла од употреба

11.02.2015 15:24

На последните избори на сите полнолетни граѓани со право на глас со темен маркер им беше обележуван палецот на десната рака, за да не се случи еден граѓанин да гласа повеќе пати...

Маркерот со кој се обележуваа палците на граѓаните за време на гласањето се исфрла од употреба. Уставниот суд донесе едногласна одлука со која оваа законска одредба се смета за противуставна.

Иницијативата за проверка на уставноста ја поднесе професорката Тања Каракамишева. На последните избори на сите полнолетни граѓани со право на глас со темен маркер им беше обележуван палецот на десната рака, за да не се случи еден граѓанин да гласа повеќе пати.

Во образложението на судот стои дека избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори и со тајно гласање.