Странските дипломати се повлекуваат од Јемен

11.02.2015 15:40

Министерствата за надворешни работи на трите земји издадоа предупредување до нивните државјани да не патуваат во Јемен...

Странските дипломати се повлекуваат од Јемен. По американската, затворени се и британската и француската амбасада во Сана.

Шиитските бунтовници ги освоија главниот град и поголем дел од земјата, која е во длабока политичка криза.

Министерствата за надворешни работи на трите земји издадоа предупредување до нивните државјани да не патуваат во Јемен.

Американските операции против Ал Каеда продолжуваат, отежнати поради затворањето на претставништвото.