Состојбата на ракометарката Мечевска сеуште критична
Откако била примена во критична состојба поради повредите здобиени од падот, со тешка политраума со повреди и на коските и мекоткивните органи, и била изведена операција за остранување на слезината...

Ракометната репрезентативка Мечевска се уште е во животозагрозувачка состојба. Има сериозни повреди на ’рбетот и ребрата и приклучена е на апарати на интензивното одделение во Карил, вели за МТВ доктор Спировска. Откако била примена во критична состојба поради повредите здобиени од падот, со тешка политраума со повреди и на коските и мекоткивните органи, и била изведена операција за остранување на слезината.
„Има повреди на градни пршлени, има скрешници на ребрата од двете страни, повреди на белите дробови, повредена слезинка којашто е извадена, и понатаму е критична пациентката“, изјави д-р Татјана Спировска, раководител на Карил.
Со оглед дека е здрава, млада и пред се спортистка се зголемуваат шансите таа да ја преброди кризата, вели Спировска.
Полицијата заврши со увидот, но и понатаму нема офиицијални инорфмации за причината. А остануваат неразјаснети и околностите под кои Мечевска паднала од петтиот кат.
Наместо на попладнвен тренинг, Мечевска преживеа тешка несреќа паѓајќи од петтиот кат од каде што беше пренесена во ургентниот центар. Од нејзиниот матичен клуб Вардар се надеваат дека таа како голем борец ќе ја добие и оваа битка.
Робертина Мечевска во кариерата има настапувано за неколку македонски екипи, а од минатиот месец стана членка на женскиот ракометен клуб Вардар во обид да помогне тимот да стигне до европската круна.
Фиљана Кока
