Американскиот амбасадор Џес Бејли официјално на должност
Тој доаѓа на местото на досегашниот амбасадор Пол Волерс, од заменичкото амбасадорско место во амбасадата на САД во Анкара...

Новиот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Бејли, дипломат со 30-годишно искуство, во видео пораката што ја испрати до македонската јавност, пред една недела рече дека сака да ги зајакне односите меѓу двете земји, и да и помогне на Македонија во Евро-атлантските интеграции.
Тој доаѓа на местото на досегашниот амбасадор Пол Волерс, од заменичкото амбасадорско место во амбасадата на САД во Анкара.
Амбасадорот Бејли предизвика реакции во македонската јавност, откако на сослушувањето во Комитетот за надворешни односи, ги нарече македонците Словени.
Неговиот претходник Волерс, објасни дека изјавата била извадена од контекст и нема промена во политиката на САД кон идентитетот или етничката припадност на македонскиот народ.
Амасадорот Бејли беше примен и од шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
