МОН и УКИМ во понеделник го продолжуваат дијалогот за унапредување на високото образование

12.02.2015 15:23

Цениме дека е од исклучително значење дискусијата помеѓу работните групи на двете страни во насока на унапредување на пакетот реформи во високото образование со цел подигнување на стандардите за квалитет, да започне во најскоро време, велат од МОН...

Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за формирање работна група и предложи првата средба меѓу работните групи да се одржи во понеделник.
 
Цениме дека е од исклучително значење дискусијата помеѓу работните групи на двете страни во насока на унапредување на пакетот реформи во високото образование со цел подигнување на стандардите за квалитет, да започне во најскоро време. Во таа насока, ја прифаќаме иницијативата и предлагаме првата средба на работните групи да се одржи во понеделник, 16.2.2015, а во зависност од можностите на претставниците на двете страни, терминот и локацијата да бидат дополнително утврдени, се вели во соопштението од МОН.
 
Оттаму информираат дека по средбата со УКИМ ќе бидат организирани исти средби и со останатите универзитети.