Протест за смртта на малата Тамара

15.02.2015 16:20

Во Велес се одржа мирен протест за случајот со деветгодишната Тамара Димовска. Велешани се лути на како што велат бирократскиот однос на институциите...

Точно напладне во Младонскиот парк во Велес, преку мирен простест граѓаните го искажаа својот револт од  прераната смрт на деветгодишната Тамара. Сметаат дека овој  згаснат детски живот е резултат на бирократскиот однос на институциите.

Покажувајќи црвен картон, насобраните побараа отавка од сите кои навреме недозволија  Тамара да замине во Турција на лекување.

„Кога системот убива дете, што останува како утеха? Нема утеха. има само гнев тага и недоверба, и тоа недоверба кон министерот за здравство, кон Фондот за здравство, лекарската комисија, јавното обвинителство, кон судството“, рече Моника Петковска.

Низ солзи мајката на Тамара раскажува за радсота на својата ќерка дека штом чичковците ќе одлучат каде да се лекува ќе лета со авион, но наместо лет до Турција, таа  одлетала  кај ангелите. Апелирајќи судбината на нејзината Тамара да не се повтори кај ниедно  друго дете, Жаклина рече:

„Упатувам апел до сите функционери, пратеници и министри, доктори...сите ... доколку некој родител чека прием кај Вас сослушајте го во чест на Тамара, за да не се случи нова Тамара“, рече Жаклина Димовска, мајка на Тамара.

Тамара почина на девети, месецов. Имаш вродена маана на ’рбетниот столб. Пред две години и беше направена првата операција. Се броеја деновите кога семејството  преку ФЗОМ ја очекуваше информацијата кога ќе биде втората операција.

Иронијата да биде поголема, два дена по нејзината смрт стигнало долго очекуваното  писмо. Родителите, но и јавноста  сега се во исчекување на резултатие од обдукцијата кои ќе го дадат одговорот од што почина малата Тамара.

 

Дијана Иванова