Заев објави нови прислушувани разговори

15.02.2015 17:25

Лидерот на СДСМ објави нови телефонски разговори, за кои тврди дека се дел од прислушкуваните матрејали што ги поседува. Денешните материјали се од разговори на поранешни и актуелни функционери, а се однесуваат на правосудството...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев  објави пет разговори меѓу поранешни и актуелни државни функционери кои се однесуваат на правосудниот систем. Во нив нема експлицитни довори за пресуди или кадровски решенија.   

Според претседателот на опозициската партија, следени биле комуникациите на политичари , поранешни и актуелни министри, новинари.

Заев  рече дека ќе продолжи да објавува прислушувани разговори за како што рече да ја објавел вистината за Македонија.

 

Викторија Тодоровска