Неизвесност за грчкиот долг

18.02.2015 16:31

Грција сепак ќе побара шестмесечно продолжување на заемот и во најновиот план ја истакнува разликата меѓу договорот за заем и програмата за помош...

Од Атина, владата експресно најави нови варијанти како да се справи со долгот, бидејќи ако до крајот на месецот не го потпише новиот договор со „Тројката“ државната каса ќе остане без пари.

Портпаролот на грчката влада, Грабиет Шакаларидис, потврди за грчките медиуми дека неговата држава е подготвена да побара само шестмесечно продолжување на договорот за заем и дека за ова е подготвена да разговара во Брисел.

„Договорот за заем е сосема поинаков од програмата за помош. Работиме на нов договор, но нема да прифатиме компромиси“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

Еврогрупата јасно и стави до знаење на грчката влада дека не се согласува за раздвојување на финасирањето на Грција и обврската за плаќање на долгот од прашањето за штедење и реформите што ги вети претходната конзервативна влада. Најдецидни во заложбите се Германците.

„Никој не сака да и даде пари на Грција без гаранција. Не сакаме Грција да ја напушти Еврозоната. Но, новата влада мора да ги исполни основните ветувања од програмата за спас за да биде компетитивна, а не да се постигне компромис само заради компромис“, изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.

Грчкиот министер за финасии Јанис Варуфакис очекува зелено светло од преостанатите членки на Еврогрупата за привремен пакет помош, кој ќе овозможи на Атина да го сервисира долгот до лето, а во меѓувреме да се договори за нов аражман.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, во врска со грчкиот долг објасни дека аранжманот на оваа институција со Грција истекува во март, и доколку дотогаш не  добие барање за продлжување на програмата, ќе ги прекине постојните аражмни и ќе мора да почне преговори за новиот пакет.

Експертите велат дека доколку Грција не најде решение до 28-ми февруари, останува опасноста за излез од еврозоната, што ќе предизвика несогледливи последици за идината на заедничката валута.


Мирјана Василева