Конкурс за фестивалот „Цветници“ 2015
Македонската Радио Телевизија распишува конкурс за избор на оригинални, новосоздадени авторски песни во духот на македонската фолклорна музичка традиција , коишто ќе бидат изведени на фестивалот „Цветници“ 2015- та во Скопје.
- Песните коишто ќе бидат испратени на конкурсот, треба да бидат во духот на македонската мелопоетска традиција , со текст на македонски јазик, со задржани ритмичко-мелопоетски структури, со слобода за современи хармонски и аранжерски авторски решенија.
- На конкурсот учествуваат комплетни авторско –изведувачки тимови, со композиции снимени како квалитетна демо снимка со вокал кој добро ќе ја изразува музичко – текстуалната смисла на композицијата, и текст во три примероци, на аудио ЦД формат.
- Еден авторско изведувачки тим може да учествува на конкурсот со повеќе композиции.
- Вкупното времетраење на композициите не смее да надминува 4 минути, а истите не смеат да бидат претходно изведувани или снимени на носач на звук.
- Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување на песните со Големиот Народен Оркестар, како и издавање на композициите коишто ќе бидат примени на конкурсот.
- Секоја композиција селектирана на конкурсот, ќе добие финансиски надомест од 42 ооо денари за комплетниот авторско – изведувачки тим.
- Фестивалот „Цветници“ 2015, ќе има натпреварувачки карактер, при што за конечниот пласман одлучуваат гласовите на телевоутинг и стручно жири во сооднос 50:50 %. Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 600.000 денари, второплсираната со сума од 450.000 денари и третопласираната композиција на фестивалот со сума од 300.000 денари.
- Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија.
- Песните за конкурсот со демо снимка на ЦД, во затворен коверт, се испраќаат по пошта на адреса : Македонска Радио Телевизија, со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ „ЦВЕТНИЦИ“ 2015 , бул.„Гоце Делчев“ број 18, 1000 Скопје, или се доставуваат директно во архивата на ЈП МРТ.
- Конкурсот трае до 1-ви март 2015-та година.
- Материјалите пристигнати на конкурсот, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.
