Подготовки во Пелагонија пред утрешните дождови

21.02.2015 17:22

Добрите временски услови се користат да се санира дел од оштетеното корито на Црна река, Санацијата започна од месноста Лознани која е една од пете точки од каде прелеваче Црна река. Нискиот водостој ветува дека најавите од 20 литри дожд на метар квадратен нема да доведат до нови поплави на Пелагонија...

По најавата за нов влажен бран надлежните во пелагониските општини повторно на терен. Превентивно се подготвуваат вреките со песок а тешката механизација ги санира најоштетените делови од коритото на Црна река. Приоритет доби критичната точка кај селото Лознани. Тоа е едно од петте места од каде претекуваше Црна и за неколку дена поплави околу 17.000 хектари обработлива поврчина.

„Ова беше едно од најопасните места. Големиот воден бран брзо поплавуваше земјоделски површини, а потоа заминуваше во неколку села во општина Могила со опасност да продолжи и во некои села од битолскиот атар“, вели раководителот на оделението за заштита и спасување Димче Јошевски.

Санацијата следеше по неодамнешниот заеднички изготвен план  на градоначалниците од пелагонискиот плански регион. Нивниот апел беше  во слените фази кординацијата да ја преземе републичкиот кризен штаб.

„Побаравме санација на најкритичните места а потоа во пролетно летните месечи и темелно чистење на коритото на Црна река“, реше градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

Засега е стабилно, но и неизвесно.

Водостојот на Црна Река денеска е окулу 180 сантиметри. Иако нејзиното кориото е пресечено на неколку места добрите познавачи велат дека врнежи од 20 литри на метар квадратен не би трбало да донесат нови проблеми.

Оптимизам влева и податокот дека акумулацијата Стрежево сеуште се движи околу 90 милиони метри кубни вода и може да прифати нови на дваесет милиони кубици вода.

 

Стевче Митрвски