„Човек- птица“ триумфираше на Оскарите
Во тесна трка беше и филмот на Вес Андерсон „Хотел Гранд Будимпешта“ којшто на почетокот од вечерта освои четири оскари за костим, шминка, сценографија и за најдобра оригинална музика. Двата филма беа номинирани во вкупно 9 категории, што ја направи церемонијата уште поинтересна...

Американската филмска академија синоќа по 87-ми пат ги додели своите признанија, престижната награда Оскар. Филмот „Човек- птица“ на режисерот Алехандро Ињарта е големиот победник на церемонијата освојувајќи оскари за најдобро филмско оставрување, за режија, за оригинално сценарио и секако за најдобар филм. Во тесна трка беше и филмот на Вес Андерсон „Хотел Гранд Будимпешта“ којшто на почетокот од вечерта освои четири оскари за костим, шминка, сценографија и за најдобра оригинална музика. Двата филма беа номинирани во вкупно 9 категории, што ја направи церемонијата уште поинтересна.
„На крајот, се се сведува на самите филмови. Не е важно колку чинат за да се направат или колку заработиле на боксофисот, се работи за моќта на приказната и за силата на нивната идеја“, вели актерот Шон Пен.
Оскарот за најдобра главна машка улога го доби Еди Редмејн за улогата во филмот „Теорија на се“, додека наградата за женска главна улога замина во рацете на Џулиен Мур за улогата во филмот„Се уште Алис“. Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Џеј Кеј Симпсон за улогата на фанатичниот професор во филмот „Удар со камшик“, а во истата категорија кај жените статуетката и припадна на Патриша Аркет за улогата во филмот „Момчештво“.
Наградата за најдобро адаптирано сценарио му припадна на Греам Мур за филмот „Игра на имитација“. За најдобар филм од неанглиското говорно подрачје беше прогласен полскиот „Ида“ на Павел Павликовски, а Оскорот за најдобар анимиран филм го доби „Екипа за 6“.
Наградата за филмска музка ја доби Александер Дисплат за филмот „The Grand Budapest Hotel“, а за најдобра нумера изведена на филм е прогласена „Glory“ на Џон Леџенд од филмот „Селма“.
Наградите ги доделуваше „ѕвездена“ екипа меѓу кои и Бен Афлек, Никол Кидман, Еди Марфи, Лијам Нисон, Мерил Стрип и Опра Винфри. Водител на 87-та манифестација на доделувањето на оскарите беше актерот Нил Патрик Харис.
Марина Автовска