Грција треба да објасни како ќе штеди во иднина
23.02.2015 13:11
Премиерот Алексис Ципрас и неговиот кабинет се надеваат дека ќе ја убедат Еврогрупата со ветување дека ќе се посветат на борбата против корупцијата и затајувањето данок...

Грчката влада до вечерва треба да им го објасни планот за мерки за штедење на министрите за финансии од Еврозоната, којшто ако биде прифатен, ќе биде основа за продолжување на кредитната помош за земјата во следните четири месеци.
Премиерот Алексис Ципрас и неговиот кабинет се надеваат дека ќе ја убедат Еврогрупата со ветување дека ќе се посветат на борбата против корупцијата и затајувањето данок.
Германски „Билд“ објави дека доколку Брисел ги одобри мерките, Грција ќе добиде седум милијарди евра во рамки на борба против илегална трговија.
