Кршливо примирје во Украина
Украина прогласи ден на жалост, по повод смртта на тројца Украинци коишто животот го загубија вчера за време на прославата од годишнината на востанието на Мајдан. Полицијата објави видео снимка на уапсени тројца терористи којшто ја фрлиле експозивна направа. Овој настан, дополнително внесе голема вознемиреност, во земјата каде што сотојбата се уште е напната на истокот...

Во постконфликниот период во Укарина, сотојбата е многу напната посебно во источниот дел од земјата. Мировниот план до крај не се спроведува, и од двете страни. Укаринците велат дека не им вруваат на русите затоа што сепартистите нема да останат на линијата на фронтот кај Дебаљцево, туку напротив дека тие имале друг план да освојат уште едно стратешко место Маријипул, што се наоѓа на брегот на Азовското море и на средина меѓу Русија, Укарина и Крим. Ова твдење украинската војска го поткрепува со информациите дека руски тенкови и војници ја преминуваат границата и се упатуваат источно од Маријипул.
Поради ова украинците не ќе можат да почнат со повлекување на тешкото оружје.
„Ние сме подготвени за селиба, но за сега нема ништо од почитувањето на прекин на огнот. Од спротива не гранатираа“, вели еден украински војник.
Американците ги обвинуваат русите дека и по потпишувањето на минскиот мировен договор, продолжиле со вооружување на сепаратистите, нарекувајќи го овој потег кукавички. Дражвниот секретар Џон Кери не ја исклучи можноста од воведување нови и поостри санкции врз Русија.
„Кога е во прашање мирот во Укарина, најбитно е сега на сепартаистите да ги прекината воените активности. Ова е заджа на Москава да изврши притисок врз проруските сепаратисти“, вели Франк- Валтер Штајнмаер, министер за надворешни работи на Германија.
Од Москва, рускиот претседател Путин порача дека Русија ќе најде соодветен одговор за надворешниот пристисок.
Мирјана Василева
