Сепаратистите од Доњецк најавија повлкување на тешкото оружје

24.02.2015 09:51

Планирано е повлекување на 96 единици артилериско оружје Д-30 од реонот на Дебалцево, Горловска, Доњецк и Телманово...

Доњецката народна република прогласена од проруските сепаратисти во источна Украина, објави денеска дека почнала да го повлекува тешкото оружје од линијата на судири. Тоа го соопшти претставникот на министерството за одбрана на таа самопрогласена република, Едуард Басурин.
 
Повлекувањето почнало утрото по локално време. Планирано е повлекување на 96 единици артилериско оружје Д-30 од реонот на Дебалцево, Горловска, Доњецк и Телманово.
 
Сепаратистите од Лугањската народна република соопштија дека напладне ќе почнат со повлекување на тешкото отужје од реонот на Дебалцево.