Доживотен затвор за убиецот на најпознатиот снајперист

25.02.2015 13:46

Судењето траеше две недели и привлече големо внимание на американската јавност со оглед на тоа дека се случуваше истовремено со прикажувањето на контроверзниот филм на Клинт Иствуд „Снајперист“ за кој инспирација бил Кајл...

Судот во Тексас го осуди поранешниот маринец Еди Реј Рут на доживотен затвор, поради убиство на најдобриот снајперист во американската историја Крис Кајл и неговиот пријател Чед Литлфилд,  објавија американските медиуми.

Поротата по речиси три часа го отфрлила тврдењето на Рут дека не крив. Судењето траеше две недели и привлече големо внимание на американската јавност со оглед на тоа дека се случуваше истовремено со прикажувањето на контроверзниот филм на Клинт Иствуд „Снајперист“ за кој инспирација бил Кајл, наведува Танјуг.

Убиецот е осуден на доживотна робија без право на условно пуштање, иако таков злочин предвидува и смртна казна. Вашингтон пост пишува дека Кајл и Литлфилд се убиени затоа што мајката на Рут побарала од бившиот снајперист да му помогне на нејзиниот син кој страдал од пост-трауматско стресно пореметување.