Расте нуклеарниот потенцијал на Северна Кореа

25.02.2015 14:03

Прогнозата на американските експерти за воена технологија е заснована врз искуството со нуклеарните програми на Пакистан, Индија и Кина...

Американски експерти тврдат дека Северна Кореа би можела да го зголеми   никлеарниот потенцијал од најмалку 10 парчиња атомско оружје, колку што поседува во моментов, на меѓу 20 и 100 парчиња за пет години.

Прогнозата на американските експерти за воена технологија е заснована врз искуството со нуклеарните програми на Пакистан, Индија и Кина.

Американско – корејскиот институт, кој е дел од школата за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс ги претстави своите анализи синоќа.