Кристина Христова е нов в.д. директор на ФЗОМ

27.02.2015 14:09

Утре ќе биде распишан јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на позицијата директор на ФЗОМ...

Кристина Христова е нов в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Доаѓа од позицијата прв човек на секторот за фармација на фондот.

Утре ќе биде распишан јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на позицијата директор на ФЗОМ.

Со отворена и транспарентна постапка од валадата велат дека ги мотивираат најспособните и квалитетни кандидати да се пријават и да се стекнат со можноста да бидат избрани.