Адеми: Разговорите со СОНК во добра насока
27.02.2015 14:32
Според ресорниот министер социјалниот дијалог тече по утврдената динамика, но не сакаше да прецизира детали додека преговорите траат...

Преговорите меѓу Синдикатот за образование и наука и МОН продолжуваат и добро напредуваат, изјави денеска министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. Според него социјалниот дијалог тече по утврдената динамика, но не сакаше да прецизира детали додека преговорите траат.
Во овој момент, бидејќи сме во фаза на преговори, не би сакал да давам детали од разговорите затоа што може да имаат влијание на конечниот договор кој треба да го постигнеме со СОНК. Но, се одвива во добра насока и во конструктивна атмосфера, изјави ресорниот министер по доделувањето награди на ученици од средно стручно образование.
