На југоистокот сеуште страв од поплави, се очекува помош за санација на штетите

27.02.2015 15:24

Наспроти најавите за дождлив викенд, се уште со страв од евентуални нови поплави живее Југоистокот на Македонија. Настраданите очекуваат дел од хуманитарната помош за санација на штетите. Се прават проценките...

Поплавениот Југоисток се уште живее во готовс од евентуално нови поплави. Вреќите покрај куќите и пластениците не ги тргаат од страв дека надојдени води може повторно да им направат хаос и да им предизвикаат големи штети.

И домот на Ѓурга Минкова е еден од 40-те поплавени во струмичко. Вели дека водата била со висина од седумдесетина сантиметри и навлегла во целата куќа.

Поплавените граѓани очекуваат да добијат дел од хуманитарната помош. Со неа, ќе покријат дел од трошоците кои досега ги дале за санирање на штетите.

Во струмичко поднесени беа над 450 барања. Од нив, најголемиот дел за поплавено земјоделско земјиште и пластеници.

 

Катерина Давчева