Одбележан меѓународниот ден на ретки болести
Во светот се познати повеќе од четири илјади видови ретки болести и над 30 милиони пациенти. Во Македонија има 60 заболени. Владата со системско решение ќе го зголеми финансирањето за нивното лекување со одвојување по еден денар од секоја продадена кутија цигари...

Често останува без воздух, чувствува срцева слабост и несвестица. Болеста се дијагностицира како Астма или ХОП. Ѓурѓица Ќаева има ретка болест. Како неа имало уште 7 други пациенти. Тројца починале. Дневно издвојува 1.000 денари за лекот кој треба да го пие секој ден. Со оваа болест, вели, не може да работи.
Со проширувањето на програмата за лекување ретки болести, од секоја купена кутија цигари, по еден денар ќе оди за лекови за овие пациенти. Министерството за здравство ќе направи регистар на сите пациенти.
Реткоста вообичаено се препознава како нешто уникатно и скапоцено. И за ретките болести важи истото правило, рече Маја Иванова, сопруга на претседателот Иванов.
Во светот познати се повеке од четири илјади видови ретки болести од кои боледуваат над 30 милиони пациенти.
Александра Перевска
